Децата на возраст од пет до 12 години не умееле течно да зборуваат и поседувале деформитети поврзани со инцестоидно мешање на гените.
Потврдено е дека братот и сестрата, Марта (38) и Чарли (45) делеле постела кога се уапсени.
Марта е уапсена за инцест, а Чарли за повеќе од 10 кривични дела, вклучувајќи и шест обвиненија за сексуален однос со дете под 10 години.
Полицијата соопшти дека четири од петте деца на Марта, на возраст меѓу 11 и 12 години, се родени од однос каде родителите се во блиска крвна врска, најверојатно брат и сестра, пренесуваат локалните медиуми.
Судот побара дополнителни ДНК испитувања на членовите на семејството, пред да започне судењето.
Децата не знаеле да користат тоалетна хартија, четкика за заби, ниту туш и имале проблем со мокрење во кревет и со слухот. Тие не оделе во училиште, ги мачеле животните и имале односи со роднините, вујковците и тетките.