Мартин Шулц ги повика европратениците на „взаемно почитување“

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц ги повика европратениците да се придржуваат до правилото за „взаемно почитување", јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Претседателот Шулц ги информираше европратениците дека Советодавната Комисија на ЕП за Кодексот за однесување води истрага за немилиот инцидент, расправијата меѓу двајца европратеници од УКИП на 6 октомври.
Своите наоди и препораки Комисијата ќе ги претстави пред ЕП во текот на оваа недела. Тој притоа потсети дека членот 11 став (2) од Деловникот за работа на ЕП бара европратеници да покажат „взаемно почитување" во нивното однесување.
Во овој инцидент, во кој беше вмешан пратеникот Стивен Вулф, за кој широко се пишуваше во медиумите, мора да остане изолиран случај, рече Мартин Шулц.
Ново на Сител
-

Охрид го слави заштитникот на градот
-

По ковид пандемијата, „Eпидемија“ на семејно насилство во Mакедонија
-

Иселеници од Минхен донираа спирометар за струмичката спортска медицина
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов директор на ДЗС
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
