Мас: Германија не се откажува од изнаоѓање решение за спорот меѓу Скопје и Софија
Германија ќе продолжи да се залага за изнаоѓање решение за бугарско-македонскиот спор и по завршувањето на германското претседателство со ЕУ на крајот на оваа година, вели германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во интервју за „Дојче Веле“.
– Ние сме последните кои кочат кога станува збор за оваа тема. Во суштина, кога се работи за блокадата, станува збор за билатералните односи на Бугарија и Македонија. Ние, како претседателство со Советот на ЕУ, вложивме многу напор во обидот да се дојде до решение. За жал, без успех, додава Мас.
Според него, земјите од Западен Балкан, аспиранти за членство во ЕУ, направија огромен напредок во последните години, а особено Македонија.
– Луѓето таму својата иднина ја гледаат во ЕУ. Затоа мора да можат да се потпрат на нашите ветувања, во спротивно ќе го завртат грбот, нагласува Мас.
Шефот на германската дипломатија оценува дека европската перспективата е важен стимул за политички и за реформи во делот на правната држава, кои се во интерес и на ЕУ.
Во интервјуто, по повод завршувањето на германското претседателство со Унијата, Мас се осврнува и на пандемијата со Ковид-19, новиот Буџет на ЕУ и Фондот за помош, преговорите со Велика Британија по Брегзит, владеењето на правото во некои членки на блокот, тензиите меѓу Грција и Турција и односите со Кина.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно