Масакар на Флорида: Монструмот Николас изјавил: Демони ми рекоа сите да ги убијам
Деветнаесетгодишниот Николас Круз, кој во средата усмрти 17 лица и рани уште петнаесетина средношколци, во школото „Марџори Стоунмен Даглас“, во Паркланд, недалеку од Мајами, тврди дека туѓу гласови, кои ги слушал во главата, му рекле да го стори масакрот.
„ABC news“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, пренесува дека Круз во текот на испитувањата, слушнал гласови кои му рекле да го изврши нападот во школото.
„Тој тие гласови ги опишал како демонски, тврдејќи дека тие му рекле што да прави“, вели изворот за „ABC news“.
Негови познаници го опишуваат како проблематичен тинејџер кој често упаѓал во невољи. Семејството кое се грижело за него, откако минатиот септември починала Линда, жената која го посвоила, вели дека Круз бил многу депресивен и дека одел на терапии.
„Николас немал поддршка од системот. Кога мозокот не ви е доволно развиен, тогаш не знаете дека се соочувате со проблеми кои ви се наметнати“, изјави Мелиса Мекнил, адвокат на напаѓачот.
Потврдено е дека полицијата од 2010 година, па се до масакрот, дури 39 пати интервенирала и доаѓала во куќата во која живеел Круз.
„Во прашање биле повици поради злоставување, насилство во семејството, пријава за исчезнување и проблеми со лечење на ментално пореметена личност“, соопштиле од канцеларијата на шерифот.
„Неименуван ученик кој одел со Круз во одделението, вели дека тој бил „психо кој сакал да си игра со оружје“. Исфрлен е од школото во кое подоцна го сторил масакрот, поради тепачка со момче на негова поранешна девојка. Круз на Инстаграм често поставувал антисемитски пораки, како и пораки на омраза кон имигрантите, хомосексуалците и Афроамериканците.
Ново на Сител
-
Маслеников: Русија нема намера да напаѓа земји членки на НАТО
-
На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36
-
Јужнокорејско разузнавање: Околу 300 севернокорејски војници загинале во борбите против Украина
-
Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово
-
НИС: Трамп ќе бара средба со Ким за да постигне „мал договор“
-
Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
-
Седници на три собраниски комисии
-
Милановиќ во победничкиот говор: Ова е признание за мене и мојата работа, но и порака до власта