Свет
30. March 2017 - 12:02

Масакр: 13 луѓе загинаа во директен судар на автобус и комбе

На северот од Тексас во средата дојде до судар на мал црквен автобус и комбе во кое загинаа 13 високи членови на Баптистичката црква, а во тек е истрага за причината за несреќата, јави АП.

Тексашкото министерство за јавна безбедноста соопшти дека единствениот преживеан патник од автобусот е префрлен во болница и е во животна опасност, додека возачот на комбето е во стабилна состојба.

Foto: Tanjug/AP/Tom Reel/The San Antonio Express-News

Националниот одбор за безбедност во сообраќајот испрати истражители на местото на несреќата за да се утврдат причините за сударот, соопштија од полицијата.

Foto: Tanjug/AP/KABB/WOAI

До сударот дошло вчера на околу 75 километри западно од Сан Антонио, а на околу 190 километри од црквата кон која се упатил автобусот, наведува американската агенција.