Масакр во Америка - Петмина убиени, шест лица пренесени во болница | ВИДЕО
Најмалку пет лица загинаа во пукање во моторџиски бар во округот Оринџ во Калифорнија, а шест лица се повредени и се во болница, јави Си-би-ес Лос Анџелес.
Според локалните медиуми, полицијата одговорила на повикот од барот „Кукс корнер“ околу осум и пол навечер и на местото на настанот затекнала масакр.
Два извори за овој весник, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека напаѓачот бил пензиониран полицаец од округот Вентура. Наводно, негова цел била неговата побегната сопруга, која очигледно ја следел до барот каде пукал во толпа луѓе.
КЦАЛ Њуз објави дека убиецот е застрелан, но не се знае дали им подлегнал на повредите.
Кабинетот на гувернерот на Калифорнија соопшти дека ја следи ситуацијата по пукањето во округот Оринџ, пренесе Ројтерс.
Сенаторот Дејв Мин рече дека е „скршено срце“ по веста за уште едно масовно убиство.
„Моето срце е скршено поради семејствата и најблиските на жртвите на ова пукање“, рече тој.
Инаку, барот каде што се случи масакрот, е популарно место за собирање моторџии од 1970-тите.
Ново на Сител
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит