-->
-->
Машко првото бебе во Гевгелија во 2017
-->

Првороденото бебе во општина Гевгелија е машко. Го донесе на свет синоќа мајката Драгица Камчева од гевгелиското село Моин. Детето е тешко 3 килограми и 750 грама, долго 54 сантиметри и е прво дете на сопружниците Камчеви.
Утрово во Општата болница во Гевгелија се роди и женско бебе, тешко 3 килограми и 150 грама, а долго 51 сантиметар. Мајка на девојчето е Марија Додевска од Гевгелија.
По традиција гевгелискиот градоначалник Иван Франгов денеска ги посети мајките и новороденчињата во Општата болница, им изрази честитки и им посака многу здравје во Новата година. На првороденото бебе, Франгов му подари 10.000 денари, а на двете новороденчиња им даруваше и бебешки колекции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
