Балкан
18. September 2015 - 9:01

Масовен протест во Анкара против тероризмот

Стотици илјади Турци учествуваа во Анкара во голем протест против тероризмот, јави БТА.

Демонстрациите се одржани на иницијатива на Сојузот на стопански комири и берзи на Турција (ТОББ) со поддршка на десетина синдикати и граѓански иницијативи. 

Претседателот на ТОББ Рифат Хисарџиклиоглу во обраќањето пред настанот ги повика демонстрантите да носат турско знаме, без други плакати и знамиња, со цел да се нагласи дека протестот е во името на мирот во земјата.

Според организаторите, цел на протестот е да се каже не на тероризмот и да на братството.