Македонија
28. December 2025 - 16:23

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила

Слика како по војна ги пречека жителите на скопската населба Ново Лисиче ова утро. Непознати сторители, под закрила на ноќта, извршиле масовен вандализам врз паркираните возила, оставајќи зад себе огромна материјална штета. Испукани гуми, искршени ретровизори и уништени бандаши. Ова е билансот од вандалскиот поход утрово на паркинг во Ново Лисиче. Оштетени се 40тина возила.

Хаосот прв го забележал еден од станирте на АСНОМ 124 кој излегол од дома околу 4 утринава. Откако забележале и другите соседи дека и нивните гуми се на бадаж ја  повикале полицијата. 

Жителите велат дека во населбата владеела вообичаена атмосфера и дека ништо не наговестувало ваков инцидент. Фактот што нападот се случил во раните утрински часови укажува на тоа дека сторителите ја искористиле слабата фреквенција на луѓе и полициски патроли. 

Она што им е најсомнително е дека неколку возила кој не се од овие згради, биле заобиколени во овој инцидент. 

МВР веќе работи на случајот. Се проверуваат снимките од околните камери за видео надзор во обид да се идентификуваат лицата кои стојат зад овој чин. Додека штетите се проценуваат, кај граѓаните останува стравот и прашањето кој и зошто би се одлучил на ваков радикален чекор за уништување на приватен имот?