Масовна средба во природа на лицата со инвалидитет
Околу 400 лица со телесен инвалидитет од цела Македонија се очекува да присуствуваат на денешната 6. Масовна средба во природа што ја организира Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија во Спортско-рекреативнот ценатар на езерото Треска во Сарај.
Како што соопшти Мобилност Македонија, средбата, традиционално, е под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“ со што се испраќа порака дека обединети и организирани лицата со инвалидитет може да се изборат за позицијата во општеството.
Целта на Мобилност Македонија како национална инвалидска организација во чиј состав делуваат 16 општински и меѓуопштински инвалидски организации на лица со телесен инвалидитет, е да ја подобри сегашната состојба на лицата со телесен инвалидитет и во соработка со надлежните институции да ги надмине пречките за да им овозможи квалитетен, сигурен и достоинствен живот зашто според Уставот и законите тие се рамноправни со останатата популација во државата.
На 6. Масовна средба, Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ ќе има презентација на тема „Едукација за инвалидски колички за активни корисници“.
Ново на Сител
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното