Масовни протести во Франција
Во Франција за денеска се најавени масовни протести поради предложениот закон за труд и се очекува железничкиот и авио сообраќајот да бидат нарушени.
Во Париз се очекува да има повеќе од 50.000 демонстранти, а трасата од 5,5 километри, која е предвидена за протестниот марш, е подолга од претходните собири.
Низ улиците ќе бидат распоредени голем број полицајци, а упатен е апел до синдикалните организации и демонстрантите да покажат одговорност.
Француската Национална железница најави за денеска прекин на некои линии, како и метрото во Париз, додека авиопревозникот „Ер Франс“, чии пилоти исто така го продолжија штрајкот, планира да обезбеди 80 отсто од летовите.
Генералниот секретар на најголемиот синдикат ЦГТ, Филип Мартине тврди дека денешните протести ќе бидат најмасовни во изминатите неколку месеци.
Демонстрантите протестираат поради предложените реформи во законот за труд, со кои се предвидува полесно отпуштање на вработените и подолга работна недела.
Ново на Сител
-
Минчев: Да не се брза со Закон за правична застапеност, потребно е трајно решение
-
Коалицијата Вреди веќе има подготвено Закон за правична застапеност, се чека договор
-
Средба Тошковски - Дачиќ во Куманово
-
Министерката за финансии очекува до крајот на годината фирмите да можат да аплицираат
-
Се одбележува светскиот Ден за подигнување на свеста за менталното здравје
-
Депонијата Буково ја загадува околината
-
Преглед на вести од светот
-
ДУИ: Последици и незадоволство по укинување на балансерот