-->
-->
Мастерс: Вавринка го победи Ферер, Надал во полуфинале
-->

Со победата на Стан Вавринка над Ферер, Рафаел Надал го обезбеди првото место во групата „Илие Настасе“ на Мастерсот во Лондон и со тоа пласман во полуфиналето.
Вавринка синоќа во два сета беше поуспешен од шпанскиот тенисер Ферер, иако Шпанецот во првиот сет водеше со 5:3, но го загуби со 7:5, а во вториот беше 6:2.
Во првиот дуел од 2.коло од групата, Надал го совлада Британецот Енди Мареј со 2-0 (6:4 и 6:1).
Од оваа група Ферер ги загуби шансите за учество во завршните мечеви, додека Мареј и Вавринка во меѓусебниот меч во петок ќе решат за вториот полуфиналист.
Денеска на програмата се мечевите од 3.коло во групата „Стен Смит“:
Роџер Федерер – Кеи Нишикори и
Новак Ѓоковиќ – Томаш Бердих.
Од оваа група пласман во полуфиналето има обезбедено Федерер, додека на Ѓоковиќ потребен му е еден сет за пласман во полуфиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Политички препукувања за скандалот со водата за пиење во Гостивар
-

Претседателката на Индија Мурму во посета на Македонија
-

Силно невреме го погоди Делчево
-

Тензии поради Законот за високо образование
-

Од денеска поскапи горива
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

АХВ ги проширува активностите земени се дополнителни мостри од градинки, јавни установи и угостителски објекти во Гостивар
-

Водичите треба да се прилагодат на модерните трендови
