Матарела, по оставката на Драги, го распушти Парламентот

Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска го распушти Парламентот по падот на коалициската влада на премиерот Марио Драги.
Сè уште не е одреден датумот на парламентарните избори, но италијанскиот Устав предвидува тие да се одржат во рок од 70 дена од распуштањето на Парламентот.
Матарела истакна дека се одлучил за вонредни парламентарни избори, осум месеци пред истекот на мандатот на актуелниот парламентарен состав, бидејќи недостигот на поддршка за Драги покажал дека не постои можност да се формира друга влада која ќе има поддршката од мнозинството пратеници.
Драги утрово ја достави до Матарела оставката откако се распадна владејачката коалиција, што претставува сериозен удар за Италија, но и за Европа, во време на економска неизвесност предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и руската инвазија врз Украина.
Политичката криза ја погоди Италија, трета по големина економија во еврозоната, во време кога земјата се бори со висока инфлација.
Како и многу други земји, Италија се соочува со зголемени цени од храна до комунални услуги, како резултат на руската инвазија врз Украина, а земјата исто така е погодена од долготрајна суша.
Ново на Сител
-

Велигденски базар во домот за стари лица „Мајка Тереза“
-

Ристески: Ќе се субвенционираат и оние предадени килограми тутун кои ја надминуваат количината од договорот
-

Католичките верници ги почнуваат Велигденските празнувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
