-->
-->
Матиќ сака по секоја цена кај Мурињо
-->

Немања Матиќ има желба да го напушти Челзи и да се пресели во Манчестер Јунајтед кај својот поранешен тренер Жозе Мурињо. Интерес за српскиот репрезентативец покажува и Интер.
Матиќ се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед уште од почетокот на преодниот рок, кога Челзи покажа серизен интерес за Тиему Бакајоко од Монако.
Францускиот репрезентативец утрово пристигна на „Стенфорд Бриџ“, што значи дека Матиќ може да го напушти клубот. Англиските медиуми пишуваат дека Матиќ сака трансфер во Манчестер и дека поради тоа почнал да тренира сам, а не со главната група.
Пазарната вредност на српскиот репрезентативец, кој со Челзи има договор до јуни 2018 година, се проценува на 45 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
-

Најсвежо на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-

Трамп го пофали кинескиот претседател како „голем лидер“, рече дека му е чест што го има за свој пријател
-

Сиљановска-Давкова ја обновува практиката на отворени канцеларии на Претседателот
