-->
-->
Матурски квадрил во Гевгелија
-->
Популарниот матурски квадрил, танц кој се игра на музика од штраусовата опера „Љиљакот“ денеска на пладне го играа матурантите од Гевгелија истовремено со матурантите од Скопје, Охрид, Струмица и Струга.
Во рамки на традиционалната манифестација „Матурска парада“ која годинава се одржува по 11. пат, гевгелиските матуранти квадрилот го играа заедно и во исто време со околу 2.000 матуранти од земјава како и со своите врсници од уште десетина држави од централна и јигоисточна Европа.
Официјалниот дел на манифетацијата почна со изјавата, односно заклетвата за ненасилство што денеска ја положија матурантите пред преземањето на сигналот од Радио Словенија преку кој пристигна музиката од операта на Јохан Штраус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата