-->
-->
Мавра ќе ги организира „металците“
-->

Хрватскиот кошаркарски интернационалец Доминик Мавра е нов член на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром откако во текот на денешниот ден ги заврши формалностите околу потпишувањето на договорот. Мавра сезонава ја почна како играч на шпански Хувентуд, со кој истотака ја денеска ја прекина соработката.
Мавра ланската сезона играше во Македонија, но во дресот на Карпош Соколи. Воедно тој беше еден од најзаслужните за освоениот Куп на Македонија на „соколите“, а го доби и признанието МВП на ова натпреварување. Тој настапува на двете бековски позиции.
Мавра кариерата ја почна во Загреб, а играше и за екипите на Сплит, Цибона и полски Даброво. Тој беше и на поширокиот список на репрезентацијата на Хрватска за настап на Европското првенство 2017, а има играно и за помладите селекции на Хрватска, со кои има и освојувано медали.
Мавра се очекува утре да допатува во Скопје, што значи дека можност да дебитира ќе има на неделниот дуел од АБА лигата со Мега во недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
