Ракомет
16. February 2016 - 8:25

Мавсар нова Словенка во редовите на ЖРК Вардар

Ракометарката на Крим од Љубљана Тамара Мавсар е новата ракометарка на ЖРК Вардар. Македонскиот првак во своите редови со тоа ќе има уште една словенечка ракометарка по Барбара Лазовиќ.

Мавсар во моментов е капитен на Крим и има 24 години и веќе осум сезони настап во Лигата на шампионите откако своето деби го имаше со 17 години. 
Нејзина специјалност покрај играта во одбрана се контрите и шутирањето седмерци.Мавсар игра на позиција лево крило.
Словенечката репрезентативка со ЖРК Вардар потпиша двегодишен договор.