-->
-->
Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-->

На 25.04.2026 во 15:30 часот во ПС Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на с. Видрани, од патот излетало патничко возило „фолксваген поло“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62) од с. Другово,кичевско.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а по кажување на сопругата на возачот, која била во возилото, Т.С. се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и со возилото излегол надвор од коловозот.
По насоки од јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
