Македонија
1. November 2022 - 15:46

Маж од Турција пронајден мртов во угостителски објект

Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат А.Ч.(79) од Република Турција, информира МВР.

- Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од министерството.