Маж се самоубил пред зградата на Врховниот суд на Бразил
Маж се самоуби со бомба пред Врховниот суд на Бразил во средата по локално време, откако се обидел да влезе во зградата, изјавија официјални лица, предизвикувајќи загриженост за безбедноста бидејќи земјата треба да биде домаќин на челниците од групата Г20 на големите светски економии.
Експлозиите се случија пет дена пред состанокот на шефовите на државите на Г20 во Рио де Жанеиро, по што кинескиот претседател Кси Џинпинг ќе го посети главниот град Бразилија.
Првата од двете експлозии одекна во средата вечерта на паркингот во близина на судската зграда, а втората експлозија одекна неколку секунди подоцна пред зградата на судот, каде што беше пронајдено телото на мажот.
Вицегувернерката на федералниот округ Селина Леао изјави дека прелиминарните информации укажуваат дека мажот се самоубил со експлозив откако се обидел да влезе во Врховниот суд. Додаде дека тој го поседувал автомобилот во кој втората експлозија го разнела багажникот.
Леао рече и дека се надева оти станува збор за злосторство извршено од ткн „волк самотник“, но дека не може да биде сигурна. Полицијата соопшти дека не направила конечна идентификација на загинатиот маж, бидејќи се соочиле со ризик од дополнителен експлозив поставен на телото.
Експлозиите се случија околу Плаза де Трио, култен плоштад во Бразилија што ги поврзува главните згради на трите ограноци на бразилската федерална влада. Тоа беше место на немирите на 8 јануари минатата година, кога приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро демолираа згради во знак на протест против неговиот изборен пораз.
Полицијата испрати тим за деминирање со робот за отстранување експлозиви на плоштадот во срцето на главниот град на Бразил за да ги истражи експлозиите.
Судиите на Врховниот суд штотуку ја завршија пленарната седница кога се случија експлозиите и беа брзо евакуирани, се вели во соопштението на судот.
Претседателот Луис Инасио Лула да Силва ги напуштил работните простории во средата навечер непосредно пред експлозиите.
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
-
Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност