Маж скокнал од мост во Вардар, во тек е потрага
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека утрово едно лице се фрлило во водите на реката Вардар.
„Во 06:00 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од Мостот Близнак на Булевар Србија се ферлило во речното корито во надојдените води на реката Вардар“, информираат од ЦУК.
На лице место се екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР и истите преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување. Ова барање е проследено до ДЗС за превземање на мерки и активности во нивната надлежност, со цел да се пронајде лицето, стои во соопштението на ЦУК испратено до медиумите.
Повеќе информации ќе има во текот на денот.
Ново на Сител
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
