-->
-->
Маж со пушка си го бранел насадот со пченка од диви свињи
-->
Вчера во 22.00 часот по пријава од концесионер на ловиште за можно вршење на кривично дело -„незаконит лов“ во атар на Маала Пасјак-село Нов Истевник, делчевско, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Делчево, било излезено на местото на настанот при што веднаш до патот кој води кон Маала Пасјак, биле затекнат А.Д. концесионер на ловиште, како и Д.Ѓ.(41), В.Б.(62) и А.А.(52), соопшти МВР.
По извршен разговор било утврдено дека Д.Ѓ. носел пушка, а, според неговиот исказ, со намера да си го заштити насадот со пченка кој се наоѓал во близина на Маала Пасјак, на кој дивите свињи му правеле штета.
По насоки на јавен обвинител, ловната пушка е одземена и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните