-->
-->
Маж во Грција осуден на осум години затвор и 20.000 евра за убиство на бездомни мачки
-->

На затворска казна од осум години е осуден 33-годишен маж во Грција за убиство на две бездомни мачки во атинска населба, а паралелно изречена му е и парична казна во висина од 20.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Во февруари минатата година, сега веќе осудениот беше уапсен по пријави од граѓани и видеа од безбедносни камери дека убива и измачува улични мачки, по што му беше одредена мерка притвор.
На судењето одржано вчера, според грчките медиуми, 33-годишниот бил осуден без никакви олеснувања, му се судело за убиства на две мачки, иако против него имало пријави за поголем број.
Ова е втор случај во Грција лице да биде осудено на затворска казна поради мачење или убиство на животно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
