-->
-->
Маж во Колорадо Спрингс со нож избоде осум лица
-->
Неименуван маж, во американскиот град Колорадо Спрингс е приведен откако рано изутринава на повеќе локации со нож нападнал осуммина случајни минувачи, јави Си Ен Ен.
Полицијата одговорила на повик во 1:30 часот изутрина, каде пронашла две лица прободени со нож, а кои информирале дека напаѓачот пеш заминал кон блискиот парк. Полицијата тргбала во тој правец и пронашла и други жртви, нападнати со нож од истото лице. Потоа добиле уште една дојава. На местото на настанот го пронашле напаѓачот, кого жртвите успеале да го запрат. Нападнатите се хоспитализирани, а напаѓаот е во притвор.
„По сè изгледа нападите не биле претходно изпланирани и не постои поврзаност меѓу осомничениот и жртвите“, се посочува во полицискиот извештај.(МИА)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани