-->
-->
Мбапе до Буфон: Ми беше чест да се сретнам со твојата легендарна кариера
-->
Напаѓачот на Пари Сен-Жермен и еден од најдобрите фудбалери во светот, Килијан Мбапе се обрати до италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон, кој вчера се пензионира на 45 години.
Играчите играа заедно за парискиот клуб во сезоната 2018/19.
- За мене беше голема чест што имав можност да те запознам и да се вкрстам со твојата легендарна кариера. Златен човек со вредни совети кои ќе ги чувам цел живот. Имај добар пат и ти благодарам многу, напиша Мбапе на Твитер.
Буфон 10 пати го освои италијанското првенство со Јувентус, пет пати националниот куп и шест пати Суперкупот, со ПСЖ – Француското првенство 2018/19 и францускиот Суперкуп.
Буфон за Италија бранеше од 1997 година. Со националниот тим, голманот стана светски шампион во 2006 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите
-
Загина 14-годишно момче откако врз него паднал бојлер
-
Бугарка приложила фалсификувана лична карта во скопска банка
-
ЦУК: Стабилна состојбата со водостоите на реките во тетовско и гостиварско, патните правци проодни
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма