-->
-->
Мбапе се изедначи со Ибрахимовиќ по голови за ПСЖ во Лига 1
-->
– Пари Сен-Жермен го совлада Анже (3:0) во 33. коло од францускиот шампионат. Стрелец на првиот гол беше Килијан Мбапе.
Така, 23-годишниот Французин стигна до бројката од 113 постигнати голови во Лига 1. Во овој показател се израмни со екс напаѓачот на парижаните Златан Ибрахимовиќ. На првото место е Единсон Кавани со 138 погодоци.
Мбапе оваа сезона забележа 40 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 32 гола и 22 асистенции.
За потсетување, во март Мбапе го престигна Ибрахимовиќ во головите за ПСЖ во сите натпреварувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка
-
Преглед на вестите од светот
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците