Мбапе се сели во Реал Мадрид
Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе одлучи на лето да се пресели во Реал Мадрид, објави „Sport Bild“.
Дваесет и петгодишниот Французин сака со мадридскиот тим да ја освои Лигата на шампионите. Забележано е дека Мбапе бара од Реал Мадрид плата од 70 милиони евра годишно. Во исто време, претседателот на клубот Флорентино Перез, кој ги презеде преговорите во свои раце, на играчот му нуди околу 35 милиони евра годишно пред даноци.
Договорот на Мбапе со парижаните истекува во јуни 2024 година. Сезонава тој одигра 26 натпревари во сите натпреварувања, постигна 28 голови и шест асистенции.
На 20 јануари се појави информација дека напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се заканувал на раководството на клубот дека ќе го напушти тимот доколку дојде Мбапе.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци