Ме силуваа полицајци, свештеници и судии: Исповед на киднапирана девојка го шокираше светот
"Макроата ме тепаа со кабли, ланци и стапови. Имаше луѓе кои се смееја додека плачев. Морав да мижам за да не гледам што ми прават", вели Карла и додава дека меѓу насилниците имало и свештеници, судии и полицајци кои наместо да ја заштитат, и самите ја напаѓале.
Еден ден во хотелот кој бил нивна "база" влегле 30-тина полицајци. Ги истерале сите макроа надвор и ја затвориле зградата. Карла се понадевала дека е спасена.
"Мислев дека конечно дојде крајот, но хоророт продолжи. Полицајците не затворија во собите, не натераа да се соблечеме и не снимаа со камери. Ни се закануваа дека видеата ќе ги пратат на нашите родители доколку не направиме сè што велат, а потоа не силуваа. Имав само 13 години, а имаше и девојчиња кои беа помлади од 10.", вели Карла.
Спасот дошол во 2006. година во вид на антитерористичка единица која ја разбила групата макроа.
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада