-->
-->
Мечето Теди од штипскиот ЗОО парк ќе замине во паркот на танцувачките мечки во Белица во Бугарија
-->
Мечето Теди од штипскиот ЗОО парк заминува во паркот на танцувачките мечки во Белица, соседна Бугарија. Оваа одлука е донесена денеска откако тим и ветеринари од организацијата „Четири шепи“ и од паркот во Белица беа во посета, но и да му ги извршат сите потребни прегледи. Целата организација околу наоѓање на соодветно живеалиште за мечето Теди е на граѓанската активистка и портпарол на Зоолошката градина во Скопје, Тина Мицковска.
-Денеска дојдов заедно со организацијата „Четири шепи“ и од паркот Белица, којшто се наоѓа во Бугарија за да го прегледаат мечето Теди, да му се земе крв, да се направи снимка на повредената шепа, како и тоа да се види во каква состојба е и кога ќе може да патува. Одлучено е да патува во паркот на танцувачките мечки во Белица. Тоа е еден огромен резерват на 150.000 метри квадратни, којшто се под фондацијата „Брижит Бардо“ и „Четири шепи“. Тоа се светски организации за заштита на животните и знаеме дека таму ќе има најдобри услови, вели Мицковска.
Таа забележа дека во постапката се вклучени сите државни институции од Министерството за животна средина до Агенцијата за храна и ветеринарство. Очекува целата постапката да заврши напролет и веќе во март мечето Теди да замине во паркот на танцувачките мечки, каде што ќе добие соодветна грижа, услови за живот, наместо кафезот од 15 метри квадратни во штиспскиот ЗОО парк. Мицковска е задоволна од соработката со општината и штипското претпријатие „Исар“, под чии ингеренции е ЗОО паркот.
-Секако градоначалникот Благој Бочварски беше оној кој ни дозволи да го земеме мечето, по големата и тешка битка со институциите. Но, еве, навистина среќна сум што на крај ова мече ќе го добие она што заслужува, а тоа е широк простор, вели Мицковска.
Прашана колку вакви мечиња и мечки во земјава живеат во несоодветни услови, Мицковска вели дека последните години добива информации дека во земјава има многу мечки кои се чуваат во планинсики села, каде што нема пристап, а за жал и ловокрадците ги ловат и убиваат.
-Во Битола во зоолошката има исто така мечка во несоодветни услови, во волкав мал кафез како овде. Мислам дека тоа ќе биде следната битка, којашто следува во иднина, за тоа мече да добие подобри услови, а во скопската Зоолошка имаме четири мечки, од коишто две, исто така ќе патуваат во резерват, бидејќи сакаме да направиме едно огромно живеалиште, коешто ќе биде по сите светски стандарди и најдобри услови за мечките. Навистина, тие се македонско национално богатство, се заштитен вид и заслужуваат да имаат најдобар живот, рече Мицковска.
Мечето Теди денеска беше вакцинирано, а тимот му ја прегледа и повредената шепа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори