Македонија
13. January 2020 - 16:43

„Медена земја“ испишува историја - прв македонски филм со 2 номинации за Оскар

Со две номинации Медена земја влезе во трката за Оскар. Македонскиот документарец за Атиџе Муратова, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, ќе се бори за најпрестижната филмска награда за најдобар документарец и најдобар странски филм.

Македонскиот документарец на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска веќе освои три награди на најголемиот американски фестивал на независен филм Санденс

Како прв македонски филм со две номинации за Оскар, Медена земја испиша историја во современата филмска индустрија на Македонија.

Деведесет и второто доделување на престижните Оскари е закажано на 10 февруари во театарот Долби во Холивуд.

Досега, најблиску до наградата Оскар, беше филмот на Милчо Манчевски „Пред дождот“ во 1995 година