-->
-->
Медицински феномен – Починал од рак во туѓ организам
-->

ХИВ позитивен Колумбиец починал од рак кој се развил во тенијата која го нападнала неговиот желудник. Ова е прв ваков забележан медицински случај во кој пациент починал од клетки на канцер кои не потекнувале од неговото тело, пренесува Newsweek.
Со рендгенски снимки се утврдило дека на белите дробови и црниот дроб на 41-годишниот маж се гледаат повеќе тумори со различна големина. По што тој добил лекови за ХИВ и паразити, но неговата состојба нагло се влошувала. Тогаш на лекарите работите им станале чудни.
Клетките биле канцерогени, се размножувале многу брзо, но едноставно биле премногу мали за да бидат од човек. Збунетите лекари одлучиле да го подложат на низа тестови со кои откриле дека клетките на ракот носат ДНК од тенија. За жал, пациент починал 72 часа по откривањето.
Меѓутоа, и покрај трагичниот крај, овој случај доведе до сознание дека можно е да се добие рак од туѓ организам, како и тоа дека е можно поради генетска мутација нашето тело да инкорпорира клетки со туѓа ДНК и да развие посебна, нова форма на рак кај човекот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
