Медијаторите известуваат за „позитивен напредок“ во индиректните разговори меѓу САД и Иран во Доха

САД и Иран постигнаа напредок во индиректните разговори, наведуваат медијаторите Катар и Пакистан.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари, доцна синоќа изјави дека е постигнат „позитивен напредок“ по прашањата поврзани со рамковниот договор постигнат пред две недели за завршување на војната во Иран, јавува ДПА.
Разговорите во главниот град на Катар, Доха, се одржаа одделно со преговарачите од двете страни во конфликтот.
Ал-Ансари на Икс напиша дека страните се согласиле да продолжат со дискусиите во наредниот период, а следниот состанок ќе биде закажан што е можно поскоро по погребните церемонии за поранешниот ирански врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад кон крајот на февруари.
Според иранските извештаи, церемониите треба да започнат на 4 јули во главниот град Техеран и во градот за аџилак, Ком. Погребот треба да се одржи на 9 јули во родното место на Хамнеи, Машхад, на североистокот од земјата, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Документи од државен пазарен инспекторат докази во судењето за „Пулс“
-

И странските државјани ќе бидат санкционирани за прекршоците во сообраќајот
-

Лукровски повторно на работа, ги демантира шпекулациите за оставка
-

Воениот врв на НАТО, од Скопје најави оптимизација на мисијата на КФОР
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
