Медиумите во регионот известуваат за картичката „Купувам домашно“
Во повеќе медиуми во регионот деновиве беше објавено дека во земјава се издава платежна картичка „Купувам домашно“, како финансиска поддршка за невработените и лицата со ниски примања, во рамки на справување со корона-кризата.
„Почнува примената на картичката „Купувам домашно“, мерката ќе опфати околу 270.000 граѓани“, „Македонија лансира картичка „Купувам домашно“, „Македонците добиваат пари од државата“, се само дел од насловите со кои беше објавена веста за картичката, со која, како што наведе министерката за финансии Нина Ангелова ќе бидат опфатени 270.000 граѓани.
– Со домашната платежна картичка, која е дел од третиот сет мерки, ќе се купуваат само домашни производи и услуги и на тој начин ќе се помогнат и граѓаните со пониски примања кои ќе ја добијат картичката, и домашните фирми. Домашната платежна картичка ќе се користи во ограничено покусо време и на тој начин во пократок рок ќе се влејат повеќе средства во домашното стопанство, рече Ангеловска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан