Медведев: Приоритет на политиката на САД е соборување на непосакуваните влади

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев истакна дека изјавите од Вашингтон укажуваат дека политиката на соборување на непосакуваните влади повторно стана приоритет на САД.
– Од Вашингтон стигнуваат изјави за можна воена интервенција. На границите има провокации. Тоа е се многу алармантно и укажува дека политиката на соборување на непосакуваните влади во духот на Монровата доктрина повторно стана приоритет на САД, истакна Медведев во интервју за бугарскиот весник „Труд“, пред неговата посета на Софија.
Тој наведе дека Русија апелира до сите „јужноамерикански пријатели сериозно да размислат за тоа, без оглед на тоа каков став зазеле кон владата на Николас Мадуро“.
– Резултатот што Русија сака да го постигне е мир во Венецуела, а тоа може да се постигне само со национален дијалог, посочи Медведев.
Тој додаде дека сите кои се грижат за мирната иднина на Венецуела и на Јужна Америка би требало да помогнат.
– На наша длабока жалост, така наречениот непомирлив дел од венецуелската опозиција и понатаму е изложен на силно надворешно влијание. Всушност, поради тоа влијание тој дел од опозицијата е непомирлви, истакна Медведев.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност
-

Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
-

16-годишник од скопско со нож тешко повредил соселанец
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
