Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, беше прашан од новинарите дали може да има предвремени парламентарни избори по локалните избори.
Тој јасно изјави дека нивниот фокус останува на локалните избори и дека сите шпекулации за предвремени парламентарни избори се неосновани, се вели во соопштението на ВЛЕН.
„Некој сака да лаже, да го мотивира својот електорат дека ова се локални избори и по локалните избори ќе одиме на парламентарни избори. Мислам дека кога овие луѓе од АКИ ќе ги видат резултатите од локалните избори, ќе заборават на парламентарните избори. Значи, сега сме фокусирани на локалните избори, Владата има легитимитет, има бројки, има задачи пред себе, има програма пред себе и нема потреба да правиме дополнителни трошоци за предвремени парламентарни избори. Изборите ќе бидат регуларни кога ќе бидат закажани“, рече Меџити.
Неговата изјава доаѓа во време кога шпекулациите за предвремени парламентарни избори беа тема на дискусија во јавноста, но Меџити подвлече дека приоритет останува конкретната работа за граѓаните и исполнувањето на сите обврски преземени кон нив.
МИА
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
