Меџити со стручниот колегиум на Онкологија: Терапијата е соодветна, нема злоупотреби со лековите

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска присуствувал на состанок на стручниот колегиум на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) на кој се разговарало за воспоставениот систем на работа на Клиниката, начинот на контрола на терапијата, соодветна и навремена терапија за секој пациент, како и за механизмите за елеминирање на какви било злоупотреби со терапиите.
- Клиниката за онкологија нов начин на работа има воведено од ноември лани, каде конзилиум од 12 раководителите на оддели ги разгледуваат историите на пациентите на кои им е индицирана аппликација на биолошка терапија и заеднички се одлучува дали има основa пациентот да прима одредена терапија. На овој начин е исклучена можноста за евентуални злоупотреби односно поединечно носење одлуки за биолошката терапија. За аплицирање на назначената терапија, постои уредна евиденција во амбулантниот дневник коі се води во дневната болница. На Клиниката се води и електронска евиденција за контрола на секој лек кој влегува на Онкологија. Во електронската евиденција на УКРО за секој лек постои ,,картица на артикл" кој ги содржи следните податоци: име и презиме на пациент, број на евидентиран преглед, датум на преглед, датум на апликација на лек, количина на лек, соопшти Министерството за здравство.
Министерот на состанокот упатил апел за максимална посветеност на лекарите кон пациентите, со оглед на случувањата поврзани со Онкологија кои иако се случувале во минатото, сепак е оправдана грижата на пациентите и нивните семејства.
Лекарите на состанокот побарале да бидат заштитени од генерализирање на одговорност и од јавниот линч, бидејќи професионално и посветено работат, што е показател за многу излекувани пациенти и спасени животи. По средбата со стручниот колегиум министерот Меџити на Клиниката остварил средба со повеќе пациенти со кои разговарал дека не треба да се сомневаат во квалитетот на терапијата и професионалноста на лекарите на Онкологија, информираат од Министерството за здравтсво.
Ново на Сител
-

Двајца од седумте хоспитализирани со западнонилска треска се во критична состојба, за уште тројца други се чекаат резултати
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Теодора, мајка на 18-месечно бебе, се бори со рак – потребни се 3,4 милиони денари за лекување
-

Нетанјаху призна дека опаѓа поддршката за Израел во САД, вината ја гледа во социјалните мрежи
-

Вучиќ: Изборите ќе бидат распишани согласно Уставот и интересите на граѓаните на Србија
-

Мицкоски до Филипче: Со вас бевме на врвот по бројот на починати во корона кризата
-

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево, под контрола пожарот кај Кавадарци
-

Две нови електронски услуги на ДИЗ: сертификат за извоз на вино и сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки
-

Гаши за Законот за правичната застапеност: Ќе го искористам правото од Деловникот да проценам кога може да го повикам пленумот на гласање по исцрпената расправа
