Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
Првиот заменик преседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити придружуван од заменик-министерката Ане Лашкоска беше во работна посета на општина Свети Николе, каде заедно со градоначалникот Дејан Владев направија обиколка на локацијата на која се гради фекална канализација во село Мустафино, во должина од 8 километри, информираат од МЖСПП.
Проектот за изградба на фекалната канализација во село Мустафино е повеќегодишен и е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое има склучено Договор во вредност од 32.5 милиони денари за изведба и Договор во вредност од 165 илјади денари за вршење на стручен технички надзор.
-Она што сакам да го истакнам е дека проектот се реализира и побрзо од предвидената динамика. Степенот на реализација на градежните работи изнесува 82 проценти од целокупниот проект, изјавил министерот Меџити и информирал дека во оваа општина и преку Европската инвестициска банка ќе се инвестираат средства во водоводната инфраструктура.
Инвестициите се во висина од над 738 илјади евра за проектите: изградба на фекална канализација село Кадрифаково, фекална канализација село Сопот, водоводна мрежа во место викано "Мало Стопанство" и реконструкција на водоводна мрежа на дел од улиците Кумановска и Ќиќевачка.
Градоначалникот Дејан Владев се заблагодарил на огромната помош добиена, како од Министерството, така и од Владата, а информирал дека општина Свети Николе на новиот повик од Владата ќе аплицира со проект за водоводна мрежа во м.в. Кнежевски пат, со што, како што истакнал, оваа општина трајно ќе го реши проблемот со водоснабдувањето и ќе обезбеди современи услови за живот на населението.
Тој најави дека изведбените работи за фекалната канализација во село Мустафино се очекува да завршат до мај/јуни годинава.
Ново на Сител
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб