Македонија
11. јуни 2024 - 12:11

Меѓаши промовираше модули за мировно образование

Мировното образование се институционализираше во средното образование. Надлежните велат дека мировното образование не се имплементира доволно во наставните програми, а е неопходно за превенција за спречување на врсничкото насилство.

Денеска Детска амбасада Меѓаши проморивираше Модули за мировно образование како алатка за наставниците во средните училишта која ќе им помогне во целокупниот процес за решавање на конфликтите меѓу учениците.