Меѓу проектите на Источниот плански регион заштита на три стари куќи во штипско Ново село

Советот на Источниот плански регион до Министерството за локална самоупрва конкурираше со четири проекти кои се од особено значење за развој на населените места во општините во регионот со вредност од 400 илјади евра.
Директорката на Источниот плански регион, Драгица Здравева на прес- конференција ги посочи четирите проекти кои се добиени.
- Станува збор за проектот за изградба на паркот на Макфест во Штип, за изградба на патот од општина Карбинци до месноста викана Вртешка на планината Плачковица, за проектот изградба на пречистителна станица на влезот на езерото Калиманци кај Македонска Каменица, како и подготовка на техничка документација за три стари куќи во Ново село-Штипско, кои се наоѓаат во заштитениот дел од старата македонска архитектура, а се подарок од кардиохирургот Жан Митрев, во кои ќе бидат сместени дипломатски преставништва, рече Здравева.
Според Здравева, сите четири проекти се прифатени, а за последните два проекта Источниот плански регион средствата ќе ги обезбеди преку заштеда од електронската аукција.
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
