Меѓународен фестивал „Езерски бисери“ во Струга

Со настап на млади талентирани уметници од повеќе европски држави вечер на летната сцена кај хотелот „Бисер“ во Струга ќе биде отворен 12. меѓународен арт фестивал и натпревар „Езерски бисери 2015.“
На дванаесетото фестивалско издание ќе се натпреваруваат млади од Македонија, Русија, Малта, Франција, Полска, Белорусија, Србија, Бугарија, Словенија, Швајцарија, Молдавија. Тие ќе учествуваат во две фестивалски програми: класика и естрада, кореографија, фолклор.
Гала концертот на кој ќе настапат најдобрите учесници ќе се одржи на 11 август во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, кога ќе бидат доделени и наградите во програмата естрада, кореографија, фолклор.
На фестиваската програма на 5 август ќе се одржи„Вечер на славјански песни и танци“, а следниот ден „Вечер на француската култура“. Предвиден е и концерт на органа на Анастасија Игошина во Католичката црква во Скопје.
Најдобрите македонски учесници на „Езерски бисери“ имаат можност за настап на повеќе реномирани светски фестивали, меѓу кои и „Славјански Базар“ во Белорусија.
Ново на Сител
-

Зеленски ги обвини американските претставници за непочитување на Украина
-

Труење со заостанати велигденски јајца во Кавадарци, докторите апелираат на внимателност
-

Ливит: САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран
-

Одбележување на Националниот ден на мигрената под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“
-

Во Собранието ќе заседаваат две комисии, сесија на Комисијата за европски прашања
-

Без вода и струја неколку улици во Скопје
-

Променливо облачно со дожд
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
