Меѓународен конгрес во Охрид за Квалитет и безбедност на храна
Во Охрид денеска ќе се одржи Меѓународниот конгрес за: Квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам, хигиенско инженерство и дизајн – NUTRICON 2020.
Овој конгрес се одвива во соработка со Eвропската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG) и Иницијативата за глобална хармонизација (GHI).
На конгресот ќе присуствуваат научници, истражувачи, професори и експерти, кои работат и дејствуваат во областите на производство и преработка на храна, квалитет и безбедност на храна, исхрана, здравје, нутриционизам, хигиенско инженерство и дизајн и најновите трендови и технологии во прехранбената индустрија.
На овој меѓународен конгрес ќе се дискутират повеќе теми, меѓу кој и за производство и преработка на храна, прехранбено инженерство и држливост. Ќе се дебатира и за анализи на храна, микробиологија, хемија и биохемија на храна и сензорни својства на храна, односно за клиничкото здравје и исхрана, за јавното здравје и нутритивната епидемиологија и др.
Организаторите на настанот апелираат до сите кои ќе бидат присутни да се придржуваат до препораките и здравствените мерки на Министерството за здравство посочени за Ковид-19, особено носење на соодветна заштитна опрема (маска) и често применување на средства за хигиена и дизенфекција.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски