Меѓународен конкурс за карикатури, афоризми и хуморески

Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе - Битола, кој го организира фестивалот „Јас Итар Пејо“, распишува Меѓународен конкурс за сатира, хумор и карикатура.
Конкурсот се распишува за афоризам, кратка хумореска и карикатура, а темите се две: Итар Пејо и слободна тема.
Авторите треба да пратат по 20 афоризми, пет хуморески и неограничен број карикатури. Сите трудови треба да се оригинали и досега необјавени.
Предвидени се по три награди за секоја категорија: 500, 300 и 200 евра за карикатура; 400, 300 и 200 за хумореска и 300, 200 и 100 за афоризам.
Прилозите треба да се праќаат на адреса: Меѓународен Славјански универзитет „Державин“, ул. Маршал Тито бр. 77, 2220 Свети Николе, Република Македонија, со напомена: За конкурсот „Јас Итар Пејо“.
Конкурсот е распишан на 14 февруари, а крајниот рок за испраќање на трудовите е 14 јуни 2017 година.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
