Меѓународен ултрапланински маратон „По стапките на Крали Марко“

Меѓународен ултрапланински маратон „По стапките на Крали Марко“ се одржува денеска и утре во Прилеп. Маратонот опфаќа три трки од кои две денеска и една утре, а ќе учествуваат околу 170 луѓе од седум држави.
Учесниците во двете денешни подолги трки ќе трчаат на 65 и на 31 километар, а утре е трката од 16 километри за младите учесници.
За сите трки тргнувањето е од амфитеатарот во населбата Варош. Се трча кон Трескавец, потоа се оди кон селото Дабница, па Прилепското езеро. Потоа натпреварувачите се упатуваат кон селото Плетвар од каде се искачуваат на врвот Козјак. Оттука, учесниците слегуваат кон селото Крстец, па кон манастирот Св. Ѓорѓија, и потоа повторно се оди на Трескавец од каде се слегува во Прилеп.
На маратотнот ќе има учесници од Бугарија, Србија, Хрватска, Турција, САД, Британија и од Македонија.
Според Трајче Панковски, директор на планинскиот маратон „По стапките на Крали Марко“, ова е најдолгиот планински маратон во Македонија и трката е влезена во светските листи на планински трки.
Победниците на овие трки ќе добијат медали, плакета и спортска опрема.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
