Меѓународна конференција „Еден Балкан кон ЕУ“
Предизвиците на земјите од Западниот Балкан со кои се соочуваат на патот на евроинтегративниот процес е главна тема на меѓународна конференција „Еден Балкан кон ЕУ“, што денеска ќе се одржи во Скопје во организација на повеќе невладини организации од регионот.
Домаќин на конференцијата е претседателот на СДСМ Зоран Заев, а ќе присуствуваат повеќе регионални лидери на социјал-демократски и либерални политички партии и европратеници.
На официјалното отворање, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат Тања Фајон – словенечка европарламентарка од социјал-демократската група, Илхан Ќучук – европратеникот од либералната група АЛДЕ и известувач за Северна Македонија во ЕП и Тонино Пицула – хрватски европатеник од социјал-демократската група.
Конференцијата e завршен настан на регионалната едукативна младинска програма „Прогресивна политика во Западен Балкан – ПрогВеБ“ и е во организација на повеќе невладини организации од регионот: Прогрес – Институт за социјална демократија од Северна Македонија, Фондацијата „Борис Дивковиќ“ од Босна и Херцеговина, Фондација „Ќемал Стафа“ од Албанија, Форум на леви иницијативи од Босна и Херцеговина и Центар за модерни вештини од Србија, поддржани од шведскиот Олоф Палме интернационален Центар и Меѓународната фондација на Центар партијата.
Ново на Сител
-
Стравичен случај во Ѓорче
-
Љубов кон татковината
-
Двојни аршини за Балансерот
-
По заминувањето на Тачи, Села тврди дека фронтот на ДУИ е стабилен
-
Ќе ги спречи ли државата големите маркети да го изиграат Законот за нефер трговски практики
-
Советот на Европа со нова критика до Бугарија – Нема свест за правата на малцинствата
-
Владата, синдикатите и работодавачите седнаа на заедничка маса
-
Познати компании го изигрувале Законот за поврат на ДДВ