Meѓународна награда за македонскиот поет Филип Димкоски
Младиот поет Филип Димкоски е добитник на втора награда за најдобра песна на Меѓународниот награден конкурс за зборник „Сите ние сме божји деца“, во издание на Култура снова од Загреб и РРом Продукција од Белград.
Оваа награда му овозможува на Филип учество на Меѓународниот поетски фестивал „Морето на дланка“ во Хрватска, следната година.
Доделувањето на наградите и промоцијата на зборникот се одржа на 61. Меѓународен саем на книгата во Белград, каде Димкоски настапи со читање на својата наградена песна.
Зборникот опфаќа повеќе од 100 автори од Франција, Канада, БиХ, Словенија, Швајцарија, Италија, Австрија, Шведска, Македонија, Германија, Црна Гора, Србија и Хрватска.
Уредници на изданието се Здравко Одорчиќ и Златомир Јовановиќ, рецензент е Јована Бокуновиќ, а препевот на ромски го направи Бајрам Халити.
При оваа посета на Белград, Филип Димкоски одржа промоција на српското издание на неговата книга „Божилак на исконот“ која се одржа во Библиотеката „Милутин Бојиќ“. Програмата ја водеше Марија Лесан, промоторка беше м-р Снежана Алексиќ Станојловиќ, а во музичкиот дел настапи пеачката група „Македониум“.
Годинава Димкоски ја доби и третата меѓународна награда на поетскиот фестивал „Мелнички вечери на поезијата“ во Бугарија.
Ново на Сител
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди