Македонија
31. August 2015 - 9:21

Меѓународна средба на книжевните преведувачи

Околу 40 преведувачи од Македонија и од странство ќе учествуваат на 44. Меѓународна средба на книжевните преведувачи, што денеска и утре ќе се одржува во Лешочкиот манастир. 

Темата на симпозиумот е „Книжевниот превод-заеднички јазик на Европската унија“. Воведно излагање на симпозиумот ќе има преведувачот од Турска Република Северен Кипар Мехмет Кансу. 

Референти на симпозиумот се Олга Панкина од Русија, Љерка Тот Наумова од Хрватска, Марија Леонтиќ, Даринка Маролова, Здравко Божиновски, Ташко Ширилов и Стефан Симовски од Македонија.

На средбата, традиционално ќе бидат промовирани и новопреведени книги. 

На 1 септември симпозиумот ќе продолжи со работа во Скопје. Преведувачките награди за 2015 година, согласно препораките на ФИТ (Светска федерација на преведувачите) и УНЕСКО, ќе бидат врачени на 30 септември во Скопје, на свечен собир по повод Светскиот ден на преведувачот.