Меј: Не е можно да се организира втор референдум за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е невозможно да се организира втор референдум за Брегзит пред датумот за напуштање на ЕУ – 29 март следната година.
– На прашањето за втор референдум, сметам дека е важно да почитуваме волјата на британскиот народ, изјави таа пред британскиот Парламент во одговор на прашање од пратеник.
– Но, јас би замолила да се има предвид и тоа дека не би било можно да се организира референдум пред 29 март следната година. Тоа би значело продолжување на чл. 50, одложување на Брегзит или напуштање на Унијата без договор, појасни Меј.
Британскиот министер за животна средина Мајкл Гоув формално го поддржа договорот кој го постигна Меј со Брисел. Во одговор на прашањето дали би поддржал пратениците кои сакаат Британија да го преземе норвешкиот модел, Гоув истакна пред парламентарна комисија дека според него веќе постигнатите договори се најдобрата опција за земјата.
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски