Меј: Нема да има втор референдум за Брегзит

Владата на Велика Британија нема да распише друг референдум за Брегзит, изјави денеска портпаролот на британската премиерка Тереза Меј, откако американскиот милијардер Џорџ Сорос финансира кампања против Брегзит.
- Ставот на премиерката за тоа прашање е јасен: земјата гласаше за излегување од Европската унија. Тоа е она што земјата ќе го направи и нема да има друг референдум, нагласи портпаролот.
- Има многу политички и други групи во оваа земја, тоа е во ред, како што се и очекува во демократијата, додаде портпаролот.
Американскиот милијардер Џорџ Сорос даде 453.000 евра на британската организација која заговара останување во Европската унија и се обидува да влијае врз гласањето на британските пратеници за завршниот договор за Брегзит, вели нејзиниот претседател.
- Преку својата фондација тој уплати 453.000 евра, изјави поранешниот министер Марк Малок Браун, претседател на „Бест фор Британ“ (Најдоброто за Британија).
Кампањата треба да ја „покрене јавноста за останување на Велика Британија во ЕУ, за да можат пратениците да ја видат промената на јавното мислење кога во Парламентот ќе се гласа „за завршниот договор со Брисел.
Сорос на Светскиот економски форум во Давос во Швајцарија, минатиот месец нагласи дека британската премиерка Тереза Меј нема долго да остане на власт и рече дека Британците не се свесни за финансиските последици од Брегзит
Ново на Сител
-

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
-

Најстудено во Скопје, Битола и Берово, измерени - 6 степени
-

СДСМ денеска го бира новото раководство
-

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП
-

ДЗР одбележува 26 години работа како независна ревизорска институција
-

Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба поради ризик од зголемен обем за влез и транзитирање на мигранти на Комисијата за одбрана
-

Албанезе: Нападот на плажата Бонди е поттикнат од „идеологијата на Исламска држава“
-

Свечена академија за 105 години Филозофски факултет
