Свет
20. January 2018 - 10:40

Меј: Втор референдум за Брегзит нема да има

Втор референдум во Велика Британија за прашањето за напуштање на ЕУ нема да има, изјави британската премиерка Тереза Меј во интервју за германскиот весник „Билд“.

- Не, нема да има втор референдум. Парламентот и даде право на избор на британската јавност и таа ја донесе својата одлука. Ја напуштаме ЕУ, но не и Европа, сакаме партнерство со ЕУ - рече Меј.

Според неа, Велика Британија нема намера „да ги изгори сите мостови“.

- Имаме заеднички интереси и се соочуваме со заеднички предизвици - рече таа, и увери дека Велика Британија е подготвена да ги исполни своите обврски за обезбедување колективна безбедност.