Свет
13. May 2018 - 19:34

Меланија одржа емотивен говор и го стопи Трамп пред новинарите: Станува многу популарна прва дама

На настан одржан неделава во Белата куќа по повод денот на мајката, првата дама на САД, Меланија Трамп одржала говор пред пристуните гости и новинари кој го импресионирал нејзиниот сопруг.

– Мајките треба да бидат славени секој ден од годината. За оваа важна улога, треба многу време, енергија, трпение, но треба и да бидеме свесни за привилегијата која ја имаме да донесеме нов живот на светот, истакнала таа мешу другото, а говорот, како што пренесуваа „Пипл“, многу му се допаднале на претседателот на САД, кој веднаш потоа го бакнал и гушнал

– Таа станува многу, многу популарна прва дама, искоментирал Трамп во свој стил откако по неа застанал на говорницата.